SOFICA GROUP



Sofica Group е бугарски аутсорсинг сервис лидер на домашашниот пазарот со долгогодишно искуство во работа со големи локални и меѓународни клиенти.Нашата мисија е да дадеме вредност на секој бизнис процес што го опслужуваме со нашиот силен и професионален тим, како и користење на технологијата како уметност.

Услугите кои ги нудиме се поделени во четири големи деловни линии:
   - Контакт Центар Услуги
   - Aутсорсинг услуги на човечки ресурси
   - Изградба на операбилен трансвер модел
   - ИТ аутсорсинг услуги

Sofica ги нуди своите услуги од 2 локации - Софија, Бугарија и Скопје, Македонија. Како дел од нашиот план за проширување во процес сме на отворање на трето место кон крајот на 2012 година.

Компанијата е сертифицирана по ISO 9001 и ISO 27 001. Во тек е на  имплементирање на EN 15 838 и ISO 20 000 во 2012 година. Овој процес  им гарантира на нашите клиенти висок квалитет на услугите и континуирана оптимизација.

• Македонија
Телефон: +389 2 510 19 11
Адреса: Новопроектирана бб, Synergy Бизнис центар, кат 3,
1000 Скопје.



COSMIC developement



Cosmic Development е компанија која што ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичката технологија, услуги чиј опсег вклучува повеќе нивоа и технологии како:
   - Развој и дизајн на веб-страници,
   - Десктоп апликации,
   - Развој на Android и  iOS апликации,
   - Оптимизација за интернет пребарувачи итн.

Компанијата постојано е во чекор со најновите иновации, во непрекинат обид да испорача услуги според најновите трендови, а при тоа обезбедувајќи ги клиентите со високо-квалитетни и лесно-надградливи интернет производи.
Cosmic Development е компанија која може да се пофали со својот квалитет и брза испорака, се со цел да испорача услуга која ќе им помогне на клиентите да го развијат својот бизнис. 

Компанијата е основана во Март 2011, а нејзините канцеларии се наоѓаат во новиот бизнис центар Synergy во Скопје, Р. Македонија.

Повеќе информации можете да најдете на: www.cosmicdevelopment.com





MOVE ONE Internacional

Основана во 1992, Move One Inc. е компанија која овозможожува едноставни релокациски, селидбени и логистички сервиси низ целиот свет. Со седиште во Дубаи, ОАЕ, Move One Inc. им нуди на своите клиенти најсовремени релокациски и логистички решенија. Move One Inc. обезбедува уникатни услуги прилагодени да ги задоволат барањата дури и на најпребирливите клиенти. Компанијата е горда на репутацијата која ја има здобиено меѓу специјалистите во индустријата за квалитативно снабдување и технолошки иновации.

Move One Logistics
Работи во светските најпредизвикувачки средини, Move One Logistics обезбедува исклучително ниво на услуга за своите клиенти и за нивните логистички потреби. Компанијата обезбедува сигурни и професионални сервиси (авио, поморски и копнен транспорт). Преку своите стратешки лоцирани канцеларии и проширена партнерска мрежа, Move One Logistics обезбедува едноставни меѓународни сервиси, лесно достапни преку едно лице за контакт.

Move One Relocations
Како главен провајдер за движечки решенија од светски размери, Move One Relocations нуди различни сервиси кои имаат за задача да им го поедностават релокацискиот процес на своите мултинационалци клиенти и нивните застапници. Посветеноста на Move One Relocations ја олеснува комуникацијата преку едно лице за координација и можност и подршка за преселба “врата до врата”. Move One Relocations е пионер во развојот на мобилната индустрија преку својот CRM систем, via RELO, кој ја користи последната cloud-computing технологија за да им овозможи на своите клиенти неспоредлива контрола и увид во селидбените и релокациски процеси.

Повеќе информации на www.moveoneinc.com




АЛФА БАНКА

Алфа Банка АД Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје.
 
Во 2002 година Alpha Bank АЕ, Атина стана единствен акционер во Алфа Банка АД Скопје. Истата година Банката го промени името од Кредитна Банка АД Скопје во Алфа Банка АД Скопје.

Алфа Банка АД Скопје ги следи критериумите на приватното банкарство, современиот банкарски концепт на брза услуга и флексибилност во работењето.
Високообразoваниот, искусен и професионален кадар е подготвен во секое време да понуди совети и решенија според потребите на клиентите.

Конкурентните  производи и услуги кои ги нуди Алфа Банка АД Скопје обезбедуваат сигурност, профитабилност и ефикасност за Вашите финансии.
За подетални информации посетете ги следните линкови:
за физички лица
за правни лица



NORDEUS

Нордеус е водечки и наградуван европски производител на игри, и официјално најдобрата Европска стартап компанија за производство на игри во 2011.
Нашата игра, Top Eleven, е најиграната онлајн спортска игра во светот, со милиони дневни играчи на веб, Андроид и iOS уреди.
Во Нордеус, нашата цел е да обезбедиме неприкосновено играчко искуство на милиони играчи, без разлика на уредот кој го користат. Затоа правиме игри кои се бесплатни и  достапни до широк спектар на луѓе.
Секој ден, нашиот тим од повеќе од 100 луѓе во Белград, Сан Франциско, Даблин и Скопје го вложуваат својот талент во правење на игри со 5 ѕвезди. Секој ден, милиони  луѓе уживаат во она што ни сме го создале.



SYNERGY FITNESS & SPA

На простор од 2000 квадратни метри, Synergy Fitness & Spa содржи сè
што модерниот начин на живот го бара на едно место. Во рамките на центарот се наоѓа  фитнес сала со целосна TechnoGym опрема - за прв пат во Македонија. Спа-сегментот нуди најдобри услови за регенерација, со можност за опуштање со различни видови на масажи, специјални третмани и thalgo терапии. Освен ова, центарот има многу сегменти кои го дополнуваат безгрижниот и удобен престој на секој посетител. Synergy Fitness & Spa е совршена локација за луѓето кои сакаат да вежбаат, се забавуваат и релаксираат во друштво на високо квалификуван персонал и пријатна атмосфера. Центарот е опремен со најнови апарати и технологија кои овозможуваат совршен тренинг и загарантирана релаксација.



REWARD GATEWAY

Reward Gateway е естаблиран лидер во индустријата за надоместоци на  вработените и е движечка сила на мотивирани и лојални вработени низ целиот  свет.

Ние сме брз бизнис и го користиме нашиот SmartHub® софтвер за да обезбедиме  платформа за работодавците преку која тие можат да ги наградат своите  вработени. Нашата мисија е едноставна - ние сакаме да го направиме светот  посреќно место за работа.

Со 1250 клиенти на глобално ниво, нашата база на клиенти  го покрива секој  сектор од јавни, приватни и добротворни организации, и секој од нив има  свој уникатен сет на цели и предизвици. За да се постигнат и да се надминат  овие предизвици ние обезбедуваме целосни  решенија составен од високи  попусти на водечките продавачки куќи, производи кои вработениот може да ги  купи и исплати преку својата плата, прозиводи за награда и признание на  вработените...

Имаме над 300 вработени кои работат низ канцеларии во Лондон, Бирмингем,  Сиднеј, Мелбурн, Пловдив, Бостон, и, се разбира, Скопје.

Нашата канцеларија во Скопје, е дом на SEO тимот и нашиот Mobile App тим.

Reward Gateway има отворен и искрен дух, и ние ги охрабруваме сите наши  вработени да се вклучени со  бизнисот што е можно повеќе.

Ако сакате да ги погледнете вработените кои стојат зад нашиот успех, тогаш  можете да го погледнете видео на "Животот во Reward Gateway "



SOFTWARE 4 INSURANCE

Software 4 Insurance (S4i), е ИТ компанија која нуди широк спектар на услуги за  веб развој наменети за глобалниот пазар за осигурување. S4i е подружница на  успешна Британска групација, која е присутна на пазарот на осигурување повеќе од  15 години. S4i е основана во Скопје во Март, 2016 година и бележи одличен  напредок од своето основање. Ние сме компанија која се потпира на иновации,  точна испорака и задоволни вработени и се надеваме на извонреден просперитет.


Synergy >> Закупци

Закупци

ПриземјеКат 1Кат 2Кат 3Кат 4-1 Кат-2 Кат
Новитети и настани
Дома  |    Контакт
image scroller xml
29.09.2012
Synergy Business Center со задоволсто објавува дека  потпиша  договор со уште еден реномиран светски бренд , WINNER - Vienna Insurance Group ...

........................................

26.06.2012

Склучен нов договор.
Со задоволство објавуваме дека на 26.06.2012 год.
Synergy бизнис центарот доби уште еден клиент
Move One internacional ...


........................................

20.06.2012
Горди сме на објавата за пуштање на нашата ново регистрирана веб страна за Бизнис Центарот SYNERGY.
Со пуштање во употреба  на нашата веб страна ...

Наша бизнис заедница
MK   |   ENG
Превземи брошура
adverta CS
COPYRIGHT © 2012 SYNERGY Business Center


КОН ПОЧЕТОК